Чуствувам грижа на совест и ми провејува мислата дали ќерка ми ја оставив многу рано: Александрa Илиевска по враќањето на ТВ

Осум ипол месеци откако ја роди својата ќерка Сања, познатата водителка Александра Илиевска, повторно се врати во ТВ студио, овој пат, во студиото на Канал 5.

По ангажманот во шоуто „Брза кујна“ на „Сител“, Александра сега е дел од екипата на Утринската програма на Канал 5 ТВ. Шарматната водителка вели дека чувствува грижа на совест кога оди на работа и ја остава дома малата Сара, но мајка ѝ е голема поддршка околу грижата за ќерката која на 23 јануари ќе наполни една година.

-Враќањето на работа по долго породилно одстуство во комбинација на старт на пандемија беше предизвик само по себе. За разлика од било кога времето во кое јас бев бремена беше различно во секој сегмент, а најмногу од здраствен но се совлада и тој предизвик како и патот на бременоста. Сè мина во најдобар ред, а времето летна. Благодарение на мојата колешка Милена од Канал 5 добив информација дека ќе го прошируваат тимот на Утринска и ќе се прави целосно нов концепт, а по разговор со Иван С. Мирчевски добив понуда и договор кој значеше старт на едно ново поглавје во мојот живот и враќање на работа во време кога Сара има само 8,5 месеци“, ни раскажа Александра.


Во новата средина, за неа почетокот како и секој почеток бил тежок, од една страна прилагодување на нов тим и работен амбиент, од друга страна бебе и прилагодување на чување од баба и дедо.

-Кога ќе погледнам назад од еден месец дистанца, тежината ми е олеснета. Мојата мајка ми е огромна поддршка и без нејзината потпора не би била денес таму каде што сум“, открива водителката. Како и на секоја мајка која по породилното отсуство се враќа на работа, и на Александра не ѝ лесно да ја остава Сара додека таа работи, и вели дека пред да му се врати на Тв ангажманот, долго се мислела, и си поставувала многу прашања.

-Да, чуствувам грижа на совест и ми провејува мислата дали ја оставив многу рано, дали може згрешив но на овие прашања ќе одговори времето, а се надевам бар до сега одлуката мислам дека е исправна бидејќи кога ќе се вратам дома таа е среќна во прегратка и игра со баба и дедо, а јас исполнета“, додава младата мајка и го фали својот нов тим.


-Во Канал 5 е одлично, тимот амбиентот и работниот предизвик. Имам супер колеги и одговорни, одлична нова патека на која мислам дека успехот е загарантиран, секако со многу посветеност и тимска работа“, вели Александра која гледачите ја следат во ист термин со колегите Вера Мештеровиќ, Јелена Спенџарска, Бубе Јаневска-Ивановска и Роберт Јанков.

М. Џаровска