„Ciao, Kim“: Кардашијанката и D&G го покорија Милано со заедничка колекција: Ова е нова ера во имиџот на италијанскиот двоец!

Добивај вести на Viber

Италијанскиот бренд Dolce&Gabbana е познат по тоа што ги поместува границите од ревија во шоу и секогаш ѝ служи на публиката нешто ново, свежо и различно, па ревијата на модната недела во Милано не беше исклучок. Познатото модно дуо овој пат ја дизајнираше колекцијата за пролет/лето 2023 година со познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан, па не е ни чудо што се крена неверојатна возбуда околу самиот настан.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)



Таму каде што е Ким, таму се камерите, папараците и вниманието на јавноста, а тоа го знаеле Стефано и Доменико кога ја ангажирале. Колекцијата симболично е претставена со името „Ciao, Kim“, а беше отворена со звуци на школки од камерата, трепкачки светла и извици „Те сакаме, Ким“, додека на видео бим е прикажано видеото од самата Кардашијанка како јаде шпагети.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)






Самата Ким не беше дел од модната ревија, но по завршувањето на ревијата и се поклони на публиката заедно со италијанското дуо во неверојатно тесен црн фустан кој ја следеше линијата на телото, а беше целосно покриен со светкави светки.



Модниот печат на познатата русокоса беше повеќе од присутен во целата колекција - од супер тесни корсети до растеглива ликра, тесни фустани и комбинезони и заводлива тантела и проѕирни материјали, а повеќето парчиња јасно се поврзуваат со она што Ким го носеше во бројни јавни ангажмани.

View this post on Instagram

A post shared by The Fashion Stage (@thefashion_stage)



Палетата на бои беше исто така многу ограничена и вклучуваше многу црна, сребрена, бела, боја на кожа со ноти на црвена и леопард принт. Погледнете дел од моделите во галеријата подолу.


ФОТО: Инстаграм