Животна училница // Приказни
ЦРН ВИКЕНД ВО КОЧАНИ: Забава во дискотека заврши трагично-десетици мртви

Шок и неверување ја разбуди утринава Македонија.
Неофицијално 20, 50 или 100 жртви однесел катастрофален пожар кој избил во дискотека ноќеска во градот Кочани.
Концерт во дискотека Пулс имале Панчо и ДНК, а сите се затекнати од оваа трагедија. Се се случило при употреба на пиротехнички средства. Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе.
Повредените се однесени во кочанската, штипската болница, а според некои медиуми, дел се префрлени и во Скопје. Луѓето се во паника и не знаат каде да бараат информации за своите најблиски.
На социјалните мрежи се шират апели за помош за настраданите во пожарот во Кочани.
Се смета дека употребата на пиротехника придонела за појава на пожарот.