Црта со уста и создава прекрасни дела- искрена приказна на Роза Мојсовска
Често луѓето кои имаат хендикеп, знаат да влеат мотивација дека секој ден од животот е важен и дека сите ние сме посебни на свој начин. Така овој пат уметницата Роза Мојсоска која има редок талент да црта со уста, ја сподели својата емотивна приказна со Женски Магазин. Таа има телесен инвалидитет и од 1976 година живее во Заводот за рехабилитација „Бања Банско“ во Струмица. Речиси цел месец, Роза на кејот на охриддското езеро имаше своја изложба со којја ги воодушеви сите.
Нејзината успешна сликарска приказна почнува токму во еден од тешките периоди од нејзиното детство, кога на 7-годишна возраст, на осми март сите дечиња цртале честитки за празникот а таа не можела. Тоа било мотив да је земе боичката во уста и да нацрта цвет, од кој се воодушевиле сите.