Д-р. Лaзаревик: Ако асимптоматските индивидуи не го пренесуваат вирусот, тогаш државите треба да имаат поинаков пристап кон мерките
Д-р. Владимир Лазаревик, експерт по јавно здравје за Фактор изјави дека многу збунувачки делуваат контрадикторните пораки упатени кон населението во однос пренесувањето на вирусот од страна на асимптоматските случаи, а позитивни на Ковид-19. Од една страна, како што потенцира д-р. Лазаревик, Светската здравствена организација излегува со став дека луѓето кои се позитивни, но немаат симптоми, не се сериозна закана за трансмисија, а од друга страна, дел од емнинентни свтески здравствени експерти сметаат дека сепак тие се најголемата опасност за ширење на Ковид-19.
-Точно е дека СЗО во понеделникот даде изјава дека преносот на вирусот кај асимптоматските случаи е исклучително редок, но таа изјава наиде на жестоки критики речиси насекаде во светот. Конкретно, директорот на Глобалниот институт од Харвард укажа на фактот дека одредени епидемиолошки модели покажуваат дека 40-60% од преносот на вирусот е токму кај асимптоматски случаи. Клучниот проблем е што денеска имаме наплив на информации и де факто разнишаниот авторитет на СЗО прави проблем кому да му се верува. Ако навистина асимптоматските случаи не го пренесуваат вирусот тоа ќе има огромно влијание кон мерките и политиките кои државите ќе треба да ги применат. На пример, ако асимптоматските индивидуи не го пренесуваат вирусот, тогаш потребата да се носат маски на отворено кога немате симптоми е навистина дискутабилна. Поточно, препорактите за носење маски беа токму од причини да не се пренесе вирусот преку асимптоматични индивидуи. Ако сега тоа се смени, ќе треба да повече цела серија нови мерки или намалување на претпазливоста што самото по себе би било проблем. Повторно ќе потенцирам, се чини најголемиот проблем глобално, но и кај нас е несинхронизација на пораките кои се уптатени кон граѓаните. Тоа делува збувувачки и вознемирувачки, што на крај резултира со намалена доверба во институциите, вели за Фактор д-р. Лазаревик.