Д-р. Стојанов: Вакцината против стрептокока пневмонија не ја спречува заразата со Ковид-19, но создава посилен имунитет
По повеќемесечна борба со корона вирусот, научниците во светот прават студии и анализи за подобрување на имунолошкиот систем кај луѓето, во очекување на развој и масовна дистрибуција на вакцината против Ковид-19. Според дел од научните студии, тим од експерти од неколку земји, (Гераманија, Швајцарија, САД, Русија и Јапонија), во чиј состав има инфектолози, епидемиолози и други научници, дошле до заклучок дека имунолошкиот систем е многу посилен и многу подобро се бори против Ковид-19 кај оние пациенти кои претходно ја имале примено вакцината против стрептокока пневмонија.
За ефектот на оваа вакцина, која кај нас е ставена во имунолошкиот календар од лани, одговор побаравме од првиот човек на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов.
-Станува збор за
вакцина против пневмонија. Кај нас има три типа такви вакцини, пнеумо 10, пнеумо
12 и пнеумо 23. Во календарот за имуназција оваа вакцина е ставена точно пред
една година, но не е задолжитална.