Да бидеш негуван со ботокс и филери, но да личиш на себеси: Пред огледало со Весна Петрушевска
Актерката Весна Бејби Петрушевска пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите секојдневни ритуали за убавина, кои прават годините да не ѝ можат ништо.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Повеќе од 27 години секое утро го мијам лицето со сапун „Клиник“ и го чистам со „Клиник тоник 2“ .Она што е особено важно е дека кога ја вадам шминката од лице, а тоа го правам или со млеко „Кларинс“, но шминката од очите строго со вазелин. Може брчките да се секаде, но околу очите навистина немам. Верна на вазелинот сум. Никогаш не легнувам со шминка колку и да сум изморена.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Менувам различни креми („Ла мер“, „Ланком“, „Клиник“, „Кларинс“). Но, она што почнав редовно да го правам во ординацијата кај доктор Анчевски се ботокс и филери како и редовна мезотерапија еднаш месечно. Секој има право како себеси сака да се гледа во огледало, јас го направив вистинскиот избор во оваа ординација. Мене ми се погоди и докторката Анета која точно знае како да го стори тоа, а да не ме „преправи“. Двете се согласуваме дека не треба да се претерува. Во тоа е умешноста на докторот кој те третира со ботокс и филери. Да бидеш негуван, но да личиш на себеси.
* Посетувате ли козметички салони?
- Не, скоро никогаш. Купувам маски и сама се „тинтрам“ по дома. Имам чисто лице, кое сепак е резултат на мојата нега и пoсветеност. Лицето секогаш ви е потребно.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Најчесто менувам шампони поради должината на мојата коса. „Кене“ шамшони и регенератор, „Ревлон“ ...
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Во последно време не сакам толку многу да се шминкам нападно, но очите секогаш сакам да ги истакнам.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- „Мек“ кармини и моливчиња за уста, „Есте Лодер“ пудра течна или „Диор“, „Клиник“ камена пудра, „Диор“ римел, „Ту фејсес“ коректор или „Мек 24 часовен“ , „Сефора“ и „Диор“ сенки за очи, „Колоистар“ сјај за уста како и „Кларинс“ сјајчињата им се врв.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Камена пудра, моливче за уста и сјајче.
* Омилен парфем?
- „Том Форд Блек оркид“ , „Картие“ , „Шанел 5“ , „Мадмоазел Шанел“.
* Како ја одржувате линијата?
- Со добра исхрана и тренинг.
Даница Караташова