Да не го тргнев насилно, ќе успееше да ме допре за интимата: 13 нови пријави за Жерар Депардје
Уште тринаесет нови обвинија пристигнаа на адресата на францускиот актер Жерар Депардје за сексуален напад во текот на изминатите две децении, објави истражувачката веб-страница Медиапарт. 74-годишниот актер, кој се прослави по филмот „Зелена карта“ од 1990 година, категорично преку своите адвокати тврдел дека не сторил ништо.
Обвинителството во средата за AFP објави дека не добило нови поплаки, но потврди дека истрагата, дали тој навистина ја силувал младата француска актерка во 2018 година Шарлот Арнол, е во тек. Само еден ден подоцна, Медиапарт објави дека 13 нови жени исто така го обвиниле Депардје дека ги сексуално ги злоставувал на сетот на 11 филмови и ТВ серии објавени во периодот од 2004 до 2022 година, како и надвор од сетовите.
Тие изјавиле дека Депардје без дозвола им ја вовлекувал раката под долниот веш во меѓуножјето, од страна на препоните, задникот и градите, а се случувало и да добиваат непристојни сексуални коментари, па се до постојани издишки. А кога наводното злоставување се случувало за време на снимањето пред сведоци и кога жените се жалеле, екипата честопати се потсмевала тврдејќи дека на тој начин актерот се шегува, се вели во објавата на веб-страница.
Актерката Арнолд ја поднела тужбата во летото 2018 година, кога имала 22 години, велејќи дека Депардје ја силувал двапати во неговата вила во Париз неколку дена претходно. Актерот - пријател на семејството Арнолд - беше обвинет во декември 2020 година, но не беше затворен.
Ниту една од 13-те жени не поднела официјална жалба, дознава Медиапарт, но три сведочеле пред судството. Една од нив изјавила дека го направила тоа „за да и помогне на Шарлот Арнолд“ со што го прекина молкот за ваквите инциденти во филмскиот сектор.
Таа изјави за дека била статист во филмот „Големата куќа“ сниман во 2015 година кога Депардје изненадно и ја ставил раката под фустанот и таа почувствувала дека неговите прсти се обидуваат да допрат до нејзините гаќички. Откако го оттурнала од себе тој наводно станал агресивен. Се обидел да помине покрај нејзината долна облека и да ја пипне со прстите по интимата. Тогаш сфатила дека тој впрочен не глуми. Да не го спречела тој ќе успеел во намерата.
Во 1991 година во едно интервју за списанието „Тајм“ на прашањето дали Депардје учествувал во силувањата, кои биле составен дел од неговото тешко детство, каде тоа било речиси нормално, тој одговорил дека учествувал. Подоцна ги негирал изјавите и се заканувал дека ќе го тужи списанието, но „Тајм“ одби да го повлече извадокот, велејќи дека интервјуто е снимено, пренесува АФП.