Да се разбереме- Вистинските жени имаат целулит: Еве и доказ

Совршената жена постои само на фотографии, а реалноста е поинаква.
Некои од нас се борат со целулит, други со вишок тежина и сето тоа е во ред.

Целулитот ја мачи скоро секоја жена, а во денешно време се наметнува дека е срам да се има одредена несовршеност на телото. Во ерата на Фотошоп и социјалните мрежи, се наметна правило дека сите жени мора да изгледаат совршено, кожата да им биде сјајна, лицето без брчки, а извајани нозе и стомак се земаат здраво за готово.

Во морето на познати личности кои потклекнаа на овој тренд и не се осмелуваат да објавуваат фотографии без обработка или ефекти, овие 3 дами се меѓу ретките кои гордо го покажуваат своето тело и ја испраќаат пораката дека е сосема во ред да се биде несовршен и дека токму во овие мали несовршености лежи шармот на секоја жена.

„Не мора сите да бидеме исти и не сакам да личам на секоја втора жена. Имам целулит и вишок килограми и не се срамам од тоа“, рече Деми Ловато во една прилика.

Со овие фотографии, тие сакаа да испратат важна порака до сите жени. Вистинска жена изгледа вака:

Ешли Греам


Деми Ловато


Хилари Даф

ивор:stil.kurir