ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА: Погледнете како Lush ја слави најјаката, невидлива сила
Сѐ уште сме зашеметени од гламурот, светките и надежта за
уште една убава и исполнета година. Ви
посакуваме во новата година многу галење, масажи, миризливи прегратки, шарени
опојни бањи, слатки бакнежи.
Првиот месец во годината го испраќаме опуштени, после толку многу миризливи бањи со купките на Lush, кои имаат ефект на арома терапија. А, со позитивен став и широки насмевки го чекаме февруари - месецот на мачките. Хм, да, и на Љубовта.
Зарем не се досадни сите тие веќе видени традиции, на чоколадо и цвеќиња? После сите обилни оброци за време на празниците, доста ни е од чоколади! Но, едно нешто никогаш нема да здосади, ниту пак да излезе од мода. Малите слатки изненадувања, со кои сакаме да им покажеме љубов, почит, интерес на нашите сакани. Можеби и само симпатии, потенцијални партнери во најава.
Да живее Љубовта! Погледнете како Lush ја слави најјаката, невидлива сила. Ова се дел од нивните љубовни инспирации.
А што би правеле без Адам и Ева? Јаболките од Adam’a Apple таблетките заплакнење на уста, заедно со лимонот ќе направат експлозија од овошна свежина во вашата уста.
Адам неможе без својата љубена, па затоа го создадовме и Eve’sCherry шекерниот пилинг за усни, со многу цреши и какао путер. Вашите усни се свежи и спремни за долги бакнежи...
Новите шумливи купки се едни од најзабавните производи овој Валентин.
Запознајте се со дрската шумлива купка Aubergineво форма на модар патлиџан. Ви гарантираме дека ќе биде омилен подарок за понежниот пол, а и за оние кои не се толку нежни...
Другата љубовна шумлива купка е Peachy. Доволно провокативна за да сакате да ја пробате оваа праска.
Доколку сакате задоволство во кое ќе уживате заедно со вашиот партнер, топло ја препорачуваме големата банана. The Big Banana путер и масажер за тело, кои ќе ви овозможи обострано задоволство.Нека вашата кожа потоне во овој неверојатен путер со свежи и органски банани, а забавата зависи од имагинацијата...
Вашиот партнер за вас е единствен, уникатен, само ваш. Зошто тоа не му го покажете на најоргинален начин? Како мислите, кој е тој начин? Еден збор Unicorn Horn. Пенлива купка за во када, со опојна лаванда, виножито и пастелни бои. Доловете му ја неговат уникатност и оставете го дасерастопи од емоции.
Секогаш постои некој на кој сакаме да му кажеме “Благодарам”. Затоа и ја направивме оваа пенлива купка на која што пишува “Thank you”. Love Token е нејзиното име, а ќе ве одведе во една борова шума за длабока релаксација.
За крај, можете
целосно да го отворите своето срце некому со пенливата купка Open
Your Heart
. Разголете
ја вашата душа со саканиот, уживајќи во пена со мирис на медена круша.