Да живеете близу до парк е корисно и за мозокот

Добивај вести на Viber

Луѓето кои живеат во близина на парк или планина, се со пониско ниво на стрес и анксиозност во споредба со оние кои живеат во центарот на градот, утврди германско истражување.

Тим од Институтот за човечки развој на Макс Планк го докажа ова со анкета на 341 волонтери на возраст од 61-82 години. Секој од нив опишал колку далеку живее од парк, шума и зелени површини.

Во исто време, научниците исто така направиле студија за магнетна резонанца за да ја земат предвид нивната активност на мозокот. Така утврдиле дека оние кои живеат во близина на парк или зелени површини, имаат поактивна амигдала - ова е зона во мозокот, која одговора за стравот, анксиозноста и стресот.

"Познато е дека кај луѓето кои живеат во село овој дел од мозокот е особено активен. Но, досега не знаевме дека и во центарот на градот може да се случи - единствениот услов е човек да живее во близина на парк, градини или гора", објаснуваат научниците.

Претходна студија на австралиски тим од универзитетот во Кунсланд од јули 2017 г докажа дека е доволно 30 минути неделно да сме меѓу природата, за да се справиме со депресијата, психичкиот замор, анксиозноста и дури со високиот крвен притисок.