Дајра (19) го напуштила стандардниот живот и се преселила во нејзиниот автомобил: „Имам сѐ, немојте да ги лечите своите стравови на мене“

Таа имаше храброст да тргне на своeто животно патување на толку млада возраст

Дајра Рејносо има само 19 години и веќе живее сама. Ниту во стан под кирија, ниту во наследен, туку ни помалку ни повеќе, туку во кола.

Таа стана популарна и препознатлива на TikTok токму поради нејзиниот животен стил! 

Како што вели, решила да живее на овој начин бидејќи така „може да го види светот“.



 Нејзините следбеници ги интересираат многу работи: каде оди во тоалет, како се грижи за својата хигиена, каде ги мие садовите и многу повеќе. Се започна кога таа сподели видео од нејзиното секојдневие кое собра повеќе од седум милиони прегледи.

- Живеам во мојот автомобил како 19-годишна девојка. Не проектирај ги твоите стравови врз мене. Светот е мојата школка“, напиша на своите профили. За греење користи вреќа за спиење, а објасни дека сака да се буди на прекрасни локации каде ужива во јога.

За приготвување храна користи шпорет за кампување, а има и кафемат. Таа е физички многу активна, па е редовен посетител на теретана. 

Сепак, теретаните и дозволуваат и да се тушира, да ги мие забите, да пие вода и понекогаш да ги мие садовите. Единствената лоша страна е што често добива казни за паркирање.



- Живеам во мојот автомобил затоа што сакам. Зошто да не? Секој може да живее во својот автомобил од која било причина. Многу сум благодарна за спортските сали кои се отворени 24 часа неделно. Имам каде да се туширам, да вежбам и да си ја работам работата. Таму ги миев и садовите, но можете да ги измиете и така што ќе го наполните балонот и со него ќе измиете се што ви треба - изјави Дајра која на почетокот не сакала да им каже на родителите каде живее.

- Гледав како други луѓе го прават тоа на Јутјуб и помислив зошто да не го направам тоа сама. Се трудев да не размислувам за негативните аспекти на животот во автомобил. Јасно е дека има ризици и јас сум свесна за тоа. Најголемата негативна страна е што не можам да го користам тоалетот кога сакам. Мора добро да го испланирате тоа – објаснила таа.

фото:

Printscreen/TikTok