ДАЛИ БИ ПРОБАЛЕ: Кафе со прав од брокула

Добивај вести на Viber

Австралиски научници развиле прав од брокула, што може да се додаде во кое било јадење и пиење, но  и во кафе.

Тој прво беше тестиран во едно кафуле во Мелбурн и критиките беа мешани.

Научниците велат дека две лажици прав од брокула се еднакви на околу пет порции зеленчук, што е препорачана дневна доза за еден човек.

Дело на водечката австралиска истражувачка организација ЦСИРО и „Хорт иновејшн“, правот е произведен со комбинирање на селектирани третмани и процеси на сушење, со цел да се зачуваат вкусот, бојата и хранливите состојки на брокулата.

Овој прав е дел од поголем проект кој има за цел да создаде производи од зеленчуци кои изгледаат „грдо“ или обично се фрлаат.