Дали ботоксот е отров: За што сѐ се користи најпопуларниот „измазнувач“ на кожа во светот?
Откако е откриен, стана најдобар пријател на жените, но за што друго може да се користи ботоксот, освен за измазнување на кожата?
Овој начин на третирање на брчките стана широко распространет во целиот свет, па и кај нас. Инјекциите ботокс стана секојдневие за многу жени и мажи, иако за поединци се уште претставува табу - дали поради убедувањето дека треба да се старее достоинствено, дали од страв дека ботоксот има некои несакани ефекти по здравјето.
Ботоксот е природен прочистен протеин произведен со помош на бактеријата Clostridium botulinum - во ететската медицина и козметологија попознат како ботулински токсин. Ботоксот кој го произведува бактеријата Clostridium botulinum е отров, но ботоксот во медицински цели е лекарски пропишан производ. Исто така е еден од најшироко истражуваните лекови во светот и милиони пациенти ширум светот го користат во естетски и медицински цели.
Инјекциите ботокс блокираат одредени хемиски сигнали од нервите, претежно сигнали што предизвикуваат мускулни контракции. Најчеста употреба на овие инјекции е привремено релаксирање на мускулите на лицето кои предизвикуваат брчки во челото и околу очите.Во естетски цели ботоксот покажува одлични резултати измазнувајќи ги брчките на челото, глабелата и околу очите.Ботоксот се аплицира во точно одредени точки во доза која е индивидуално одредена. Ботоксот не е болна процедура и при негова апликација не е потребна локална анестезија, а по изведување на процедурата веднаш може да се вратите на секојдневните обврски. Ефектот од третманот настанува за 7-10 дена, а трае во просек околу 4-6 месеци.
Во медицински цели покажува одличнирезултатиза спречување напрекумерното потење под пазуви, на дланки и табани и овој ефект трае подолго односно повеќе од една година. Наоѓа примена и во третман на мигренозни болки, во неврологијата при спастични состојби на одредени групи мускули како и во офталмологијата при блефароспазам и страбизам.
Лекарите се децидни кога се користи ботоксот - важно е инјекциите да се ставаат точно за да се избегнат несакани ефекти. Терапијата со ботокс може да биде опасна ако се спроведе неправилно. Побарајте упат од вашиот доктор за примарна здравствена заштита или побарајте лекар специјализиран за вашата состојба и кој има искуство, кога се третманите со ботокс во прашање.
Квалификуваниот и соодветно овластен лекар може да ве извести за постапката и да помогне да се утврди дали најдобро одговара на вашите потреби и здравје.
Кога се во прашање реномирана ординација, како и стручноста на докторите, наша препорака за овој проблем е ординацијата „Д-р. Анчевски“, каде што од 8 февруари до 8 март имаат 20 проценти попуст на сите третмани со ботокс.
* ПР - објавафото: Shutterstock