ДАЛИ Е ТОЧНО: Мрзливите родители растат среќни деца?
Часови по балет, тенис, англиски јазик или клавир.
Секој родител трча за да му овозможи што повеќе на своето дете.
Ако овој модел го видите ќе знаете која е разликата меѓу мрзлив и активен родител.
Книгата Неактивен родител ја напишал Том Ходкинсон.
Имено, родителите им нудат забава на децата за да им угодат.
Ако се спомне забава тука се мисли на компјутери, телевизори, игри.
Според авторот ова се дополнителни активности и товар за родителот и во време и во пари ако тој веќе има многу обврски.
Премногу забава за децата ќе ве натера еден ден да се прашате што се случува со нивната фантазија.
Авторот предлага децата да бидат задоволни сами со себе, да не зависат од мајка, татко или некој трет.
Тој смета дека некактивното родителство е полн погодок и е полесно за родителот.
Сепак, наведува дека има голема разлика помеѓу негрижа и тоа што родителот не е опседнат со грижи за своето дете.
Тој советува родителот да се ослободи од прекувремена работа и да поминува повеќе време со семејството.
Тешко е децата да ги тргнете од компјутер и да ги натерате да си играат во двор, но по неколку минути од оваа криза ќе сфатат колку е добро да си играат надвор.
Не се плашете на детето да му кажете дека мора да се откаже од некоја активност, ручајте надвор, кампувајте.