Дали хируршките ракавици треба да се мијат и да се користат повторно: Само во еден случај!

Добивај вести на Viber

Тие не се нарекуваат „еднократни“ без причина

Бидејќи коронавирусот може да се шири преку загадените површини, граѓаните преземаат дополнителен чекор на заштита - носат ракавици.

Американскиот CDC, Центар за контрола и спречување на болести укажува на тоа дека луѓето користат ракавици додека ги дезинфицираат површините на нивните домови и ги фрлаат. Но, ако користите ракавици само за чистење, тогаш можете да ги користите неколку пати, но само за таа намена, а не на пример да отидете со нив во продавница, пишува
Huffington Post.

Проблемот со чувството на заштита
Една од причините зошто здравствените работници не поддржуваат да се носат ракавици надвор е тоа што можат да обезбедат лажно чувство на безбедност и да ја намалат зачестеноста на миењето на рацете, што е незаменливо.
Светската здравствена организација не верува дека носењето раквици надвор е ефикасно во спречувањето на коронавирусните инфекции:
„Редовното миење на голи раце нуди поголема заштита од КОВИД-19 отколку да носите гумени ракавици“, велат експертите.

Тешко е да се користат ракавици без одредена контаминација

„Латекс и нитрилни ракавици се дизајнирани за еднократна употреба“, вели Луси Вилсон, шеф на одделот за итни случаи на Универзитетот во Мериленд. Една од причините е што отстранувањето на нив е тешко, а вие исто така можете да се загадите со отстранување на истите. Правилно отстранување на нараквици вклучува нивно свртување, што може да биде тешко.
Откако сте ги превртиле нараквиците, ако сакате повторно да ги користите, треба да размислите како да го направите тоа  правилно без да ги загадувате.

Тие не се дизајнирани за долгорочно користење, па затоа треба да се користат само еднаш. Имајте на ум како вирусот се шири првенствено - не преку кожата, туку преку мукозните мембрани. Затоа, нашата кожа е заштитен слој само по себе, а миењето на рацете обезбедува најефикасна заштита.