Дали медот треба да го јадеме со дрвена лажица: Еве што вели професорка по хемија
Дрвена или метална лажица кога јадеме мед - оваа голема дилема одамна мачи многумина бидејќи некои тврдат дека не е важно со што јадеме мед, односно дека треба да се јаде исклучиво со дрвена лажица. Има ли основа за тоа тврдење, објаснува Душанка Милојковиќ Опсеница, професорка на хемиски факултет во Србија.
Корисните ензими во медот наводно се уништуваат со контакт со метали, па веќе некое време слушаме дека медот не треба да се јаде со лажици направени од овие материјали и дека најдобрата опција е дрвото. Во исто време, некои тврдат дека металите дури можат да произведат некои штетни отрови, како и дека во таа прилика се менува вкусот на медот.
Душанка Милојковиќ Опсеница, професорка на Хемискиот факултет на Универзитетот во Белград, раскажува колку има вистина во сето ова.
„Тоа може да се случи. На крајот, она што може да доведе до реакција е содржината на некои киселини. Медот е кисела супстанција, неговата pH вредност е помеѓу 4 и 5. Меѓутоа, контактот помеѓу металната лажица и медот е релативно краток за да дојде до реакцијата воопшто, при одредено растворање, преминување на металните јони во мед и слично. Тоа е навистина голема заблуда“.
Значи, како што тврди таа, контактот на метална лажица и мед од една страна не е опасен бидејќи нема да има опасна хемиска реакција, а од друга страна нема да го смени благотворното дејство на медот.
„Потполно е безбедно да се јаде мед со метална лажица. Впрочем, приборот што се користи во пчеларството е направен од нерѓосувачки челик. Кога се земаат примероци од мед за анализа, се земаат и со метални лажици“, вели Милојковиќ Опсеница.
И сега е јасно дека металната лажица не прави никаков проблем при допир со медот, особено во тие неколку секунди додека е медот на неа кога ќе ја зграпчиме и додека не го изедеме.
Но, некои се прашуваат и дали се точни тврдењата дека металната лажица не треба да се остави, да речеме, преку ноќ во тегла со мед, бидејќи тогаш сепак е можно да дојде до реакција.
„Зависи од кој метал се направени садовите. Сите знаеме дека не треба да користите садови кои содржат алуминиум, а од друга страна, нерѓосувачкиот челик е безбеден за употреба“, заклучува професорката.
Затоа, нашиот фокус треба да биде на фактот дека медот е здрав, дека треба да се јаде затоа што е одличен за имунитет, за болки во грлото, кашлица, настинка и воопшто инфекции на горниот респираторен тракт, како што покажуваат бројни студии.
И не треба да се грижиме со која лажица ќе го јадеме.
Секоја ќе биде добра, и метална и дрвена, со услов дефинитивно да ја погледнеме лажицата со која јадеме мед, но и се друго, од квалитетен материјал.