Дали Пи Диди имал подземен тунел во неговата палата во ЛА? Не запираат теориите
Социјалните мрежи тврдат дека вилата на Шон „Диди“ Комбс во Лос Анџелес е поврзана со вилата на Плејбој преку подземен бункер. Шпекулациите добија на сила откако неколку објави на X (поранешен Твитер) навестија за можноста за скриени тунели што ги поврзуваат имотите. Една објава од 24 септември гласеше: „Google Earth ги прикажува Diddy Mansion и Playboy Mansion практично едена до друга и на истата ПАРАЛЕЛА - какви се шансите тие сите да се поврзани под земја?
Сепак, ниту еден доказ не ги поддржува овие тврдења. Според Ројтерс, сликата од екранот од емитување на CNN сугерира присуство на подземни тунели, но Емили Кун од CNN појасни дека сликите биле манипулирани. Истите гласини се појавија претходно во март, за уште еднаш да бидат разоткриени.
Повторното појавување на шпекулациите следи по неодамнешните правни проблеми на Диди. На 16 септември 2024 година, музичкиот магнат беше уапсен од федерални агенти под обвинение поврзани со трговија со луѓе, оргии, дрога, секс со познати личности и силувања. Апсењето доведе до обновен интерес за неговите имоти, поттикнувајќи неосновани гласини за тајни подземни врски.
Вилата на Диди во Холмби Хилс, која ја купи во 2014 година за 40 милиони долари, има базен во стилот на лагуна, но не се споменуваат никакви тунели. Имотот зафаќа 17.000 квадратни метри и вклучува куќи за гости, театар, теретана и винска соба.
Сепак, она што е најново е дека можноста да постојат тунели е огромна, со оглед на тоа што многу личности се огласија дека го виделе.