Дали само мојата ќерка не сака кукли? Ана Николиќ откри симпатичен детаљ за малата Тара (ФОТО)

Пејачката и горда мајка Aна Николиќ откри дека нејзината ќерка е вистинска сезнајка.

Пејачката ја доби својата ќерка Тара, нејзината најголема гордост, од бракот со раперот Стефан Раста, пред три години.

Таа обично не открива многу за својата ќерка и не споделува фотографии на кои се гледа лицето на нивното мало девојче, па така и овојпат, со тоа што пејачката сподели еден симпатичен детаљ - нејзината ќерка обожава диносауруси!

- Зарем само моето дете не сака кукли, Барбики? И тие многу ја нервираат! Но затоа ги знае сите диносауруси, подобро од професор по зоологија... Страшно!!! - се пошегува Ана на Инстаграм покрај фотографијата на која девојчето држи голем диносаурус - играчка.

Во коментарите многу фанови на пејачката, напишаа дека нивните ќерки сакаат и диносауруси, алатки и автомобили, односно дека поделбата на машки и женски играчки не постои веќе подолго време, но исто така истакнаа дека малата Тара е многу убава.


Ана Николиќ ја покажа сестра ѝ: Ќе ве изненади колку си личат (ФОТО)