Дали се будите со отечено лице: Утринска рутина која ја намалува подуеноста
Дали се будите со отечено лице?
Без разлика дали сте јаделе премногу солена храна ноќта пред тоа, имате алергија или сте испиле малку повеќе алкохол, утринската подуеност може лесно да се отстрани ако го знаете вистинскиот начин.
Од парчиња краставица што ги ставате на очи, па сè до миење со ладна вода, масажа со валјак или утрински мини тренинг - сигурно сте пробале безброј начини за намалување на надуеноста со која се разбудивте. И, ништо од тоа не ви помогна колку што очекувавте ... Тогаш што да направите?
Рене Роле, естетичарка која е позната по тоа што работи со познати личности, вклучувајќи ја и Деми Ловато. Она што таа го препорачува и верувале во тоа или не, трикот е многу едноставен, тоа е туш со топла вода!
„Топол утрински туш ги разредува лимфните садови, што автоматски го олеснува протокот на вишок течност што се акумулира во лицето. Покрај топлината што помага при циркулацијата, моќта на водниот млаз го стимулира вишокот на течности да излезат од пределот околу очите“ - советува естетичарката.
извор:zenskimagazin.rs