Дали со овој потег, Џел Ло ја потврди врската со Бен Афлек?! Целиот свет зуи за реченицата што ја напиша

Фото: Instagram Printscreen/chismeenvivo

Анонимен извор за „Пипл“ потврди дека парот нема време за некои големи љубовни планови.

Латино дивата Џенифер Лопез (51) повторно ги заинтригира сите, а многумина коментираат дека таа некако ја потврдила врската со нејзиниот поранешен свршеник, актерот Бен Афлек (48).

- Сите албуми се посебни за мене, но „This is me ...Then“ ми е омилен - напиша таа на Инстаграм, со компилација од најпознати песни од тој албум, а она што е интересно е дека Бен е во него.

Имено, Бен имаше голема улога во спотот за песната „Jenny from the Block“, тие се бакнуваат во спотот, поминуваат време заедно на јахта и актерот ја бакнува Џенифер на задникот. По 17 години откако ја раскинаа свршувачката, светските медиуми зујат за помирувањето на славната пејачка и актерот, кој неколку пати бил „фатен“ во нејзино друштво, пред нејзината куќа, и во нејзиниот автомобил. 



Тие наводно поминале една недела на романтичен одмор во Монтана, додека нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез се обидува да се смири со пејачката и се чувствува повреден поради сè.

- Се слушаат секој ден и планираат да се видат повторно. Џенифер е многу возбудена за тоа како се одвиваат работите со Бен - изјавил анонимен извор за „Пипл“.

Анонимен извор изјави за „Пипл“ дека парот нема големи љубовни планови, затоа што и двајцата имаат деца со кои сакаат да поминуваат време, но и деловни обврски.


Фото: Инстгарам/Џенифер Лопез

Видео: Youtube

Moжеби ќе ве интересира:

Први фотографии од Џенифер Лопез откако ја „фатија“ со бившиот: Протекоа детали за нејзиниот план со Афлек?