Најде ли утеха Џенифер Лопез во поранешното момче: Раскинаа пред 17 години, а сега се помирија?

Американските медиуми пишуваат дека еден од најубавите познати парови ја обновил врската

Откако ја раскина свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45), пејачката Џенифер Лопез (51) поминува време со нејзиниот поранешен свршеник, актерот Бен Афлек (48), пишува Пејџ Сикс.

Имено, актерот е снимен неколку пати пред домот на пејачката во Лос Анџелес во последните неколку дена, па дури и беа фотографирани заедно во автомобилот.

Двајцата се сретнаа на снимањето на филмот „Gigli“ во 2001 година и беа верени од 2002 до 2004 година, а со нови фотографии ги разгореа гласините дека решиле да и дадат втора шанса на својата љубов, а како додаток на тоа е и изјавата на Афлек за Џеј Ло во едно од неговите неодамнешни интервјуа.

- Таа е најголемата работничка што сум ја сретнал. Таа е многу талентирана, но многу работеше и на себе и на нејзиниот успех, па затоа сум многу среќен за неа и се чини дека сите нејзини напори се исплатија - рече тој за „InStyle“ и призна дека не може да престане да и се восхитува на младешкиот изглед.

Сепак, нивните пријатели тврдат дека нема ништо повеќе од пријателство меѓу нив двајца.

„Тие се само пријатели со години“, изјави извор близок до нив.