Дали со срце или ум: Оваа недела носи љубовен предизвик само за еден знак
РИБИ
Мислите дека само вас ви е тешко? Само вашата врска поминува низ кризен период? Не сте дале се од себе и не сте добиле доволно љубов?
Иако сакате да избегате од реалноста и да заборавите на проблемите, на крајот ќе сфатите дека ништо не е поважно од љубовта. Соберете храброст, избришете ги лошите сеќавања, однесувајте се како никогаш да не сте биле повредени и донесете одлука која целосно ќе го промени вашиот живот. Време е да кажете ДА на животот, на лудилото што го носи животот, на страста, на копнежот, на среќата, па дури и на болката. Затоа што ниту едно виножито не може да ги покаже најубавите бои на денот, ако пред тоа немало дожд. Сакајте се себеси, но не плашете се кога во животот имате човек кој ви значи повеќе од себе. Спасете го и помогнете му да го има истото чувство како вас.
Верувајте во поставеноста на ѕвездите, енергијата и тишината која што ќе ви каже се.