Дамата дојде со желба да ја подмладам 15 години од осма во шеста деценија: Погледнете што прави Стефан
Стефан Суботиќ е познат шминкер кој создава магија на женското лице. И со неговата последна трансформација, тој ги помести границите во шминката.
„Дамата дојде со желба да се подмлади 15 години од осма во шеста деценија“, напиша Стефан Суботиќ под видеото од трансформацијата, а ние само можеме да констатираме дека успеа во тоа!
Жените ќе си ја продадат душата ако ги шминка. Со своите трансформации, тој ги поместува границите на можното, а по шминката, не ви требаат филтри на Инстаграм или пластична хирургија, бидејќи Стефан совршено ја извршува својата работа.
Покрај секојдневната шминка за разни свечени пригоди, најголемата слава на Стефан ја донесоа неверојатно успешните трансформации во славни личности.
Некои од трансформациите, како онаа во Ким Кардашијан, самата старлета неколкупати ги објави на своите профили на социјалните мрежи, покажувајќи дека на тој начин дури и една светска sвезда го цени делото на Стефан.
Стефан често се трансформира во жена. Кога се трансформира во жена, тој го користи псевдонимот Клео. Постоењето на алтер -его, објаснува еднаш, му го олеснува изразувањето на уметноста и својата природа преку својата работа.
Се на се, Стефан е многу талентиран за шминкање!