Чек да брцнам во ташнава: Данела и Ленин то су срца два

Добивај вести на Viber

Со политика во живот никогаш не сум се бавела. Мислам дека и со живот да ми се заканат, никогаш нема да потпишам книшка.

Еднаш ви раскажав за тој-еден мој познаник, кој што од портир стана таму некоја лева-десна-„скршена-рушвет“ рука на еден наш политичар. Ви кажав кога ми нарача букет од „милион“ ружи и тоа со достава, за некоја „Ѓурѓа“ и кога никогаш не дојде да го плати.

Ја не знам дали тие луѓе така нечесни се раѓаат, или после стануваат.

Уствари знам! Баба ми викаше „чоек се раѓа, или накриво насаден, или сјаен“.

Така е! Малку може да му се интервенира на чоека, од она што како „животна оплодлива течност му е убризгано“.

Чак мислам дека и воспитувањето, колку год да се потенцира, не е баш така клучен фактор.

Познавам многу луѓе од иста мајка и од исти татко деца, па едното е чурук, другото е за мерак.

Дали сите овие чуруков одат у политика, тоа е прашање, на кое никогаш не најдов одговор.

Знам неколкумина, од овие сагламов и сјајни луѓе, што се обидоа да се вмешаат и тоа точно со таква намера да опраат нешто, па кога видоа, каков гниеж е таму, побегнаа главом без обзира.

Ова исто така ми дава за право да мислам, дека не можеш да станеш таков, туку мора да си таков за да влезеш во тоа опако друштво.

Сите овие претпоставки, лични убедувања и заклучоци се само моја некаква си претстава за оваа циркуска претстава-политика, бидејќи ви кажав дека со политика, никогаш не сум се бавла.

Ама со здрав свест, интуиција и логика, цел живот се бавам. Живеам од тоа и живеам за тоа.

Една работа не ми е јасна. Зошто за политиката велат дека е курва.

За мене многу почеса професија е проституцијата, отколку ова другово.

Проституција е исто така професија, како и секоја друга.

На крајот на краиштата секој продава тоа што има. Некој згради, куќи, коли, некој патлиџани, пиперки. Некој филмови, друг уметност, трет зборови. Еве јас продавам зборови. И овде во колумниве и онде во репортажите. И цвеќе продавам. Многу пати сум сакала, кога ќе ми остане некое цвеќе непродадено, накрај на недела, да го ставам во кошница и да прошетам по скопскиве кафани и да го продадам така. Како Ширли Темпл, во продавачката на темјанушки. Значи секој продава тоа што може, што има и што знае. Овие-проституткиве го продаваат своето тело. За да преживеат. Сум гледала многу документарни приказни на оваа тема и точно знам дека е така.

А овие другиве-политичариве ја продаваат својата душа за да преживеат. И сеа!? Кое е почесно, или понечесно?

Мислам дека проститутките точно поради тоа што не сакаат да си ја продадат душата, го продаваат телото. И тоа е за мене ултра храброст.

А овие другиве, бидејќи немаат таква храброст, си ја продаваат душата.

И затоа мислам дека не треба да се деградираат проститутките и да се изедначуваат со политичарите, кога ќе се рече дека политика е курва.

Ако сакате да објасните доволно е само да речете дека политиката е политика. Тоа доволно и само по себе ќе ја објасни таа збирштина од нечесни луѓе.

Е сеа да поминам на темата. Данела и Ленин всушност ми се тема.

За Ленин нема да зборувам. Ем не го познавам човекот, ем некако шубе ми е. Да не речам страв. То Путин, то волци, то мотори… Језа.

Стално коа сум возела негде џенем по путишта, па коа ќе се појават бујук моторџии од спротива, или од позади на ретровизор, со тоа кожњаците, кацигите, брадите и косите, ко умрена сум одма. На прв паркинг застанувам, за да се смирам некое време и да си дојдам на себе, па терам даље.

Така што со Ленин не се чепкам. Да не ми се паркираат тука со тоа моторите пред зграда, па да не можам дома да си влезам.

Е сеа Данела. Данела исто така ич не ми е јасна. Ми го мати еспаов и умов.

Не знам дали е од овие, или од оние. НЕ знам чија мутер, шварцен вуну преде.

Нит ја знам, нит ја познавам женава. Едни велат вака, едни велат онака. Ама тоа кај нас одамна ништо не значи. Оти нели за нас се вели дека некој тенис со ѕид да игра, пола за ѕидот ќе навиваат.

Со мојов „пилешки мозок“ на тема политика вака си викам.

Ако женава решила да „лови и да пука со сите кршуми“, по цена на живот свака ѝ част. Алал да ѝ е.

Цела недела градот затнат.

А ја, цела недела се прашувам улава ли е, храбра ли е. Нема ли некој, ко до сега, да ѝ се јави па да ѝ рече „ај ти малечка, среди се, да не те средиме ние“!? Ко шо е редот кај нас. Епа еве нема. Хм си мислам. Некој па !од горе“ да не ја крепи!? Или па сама си се крепи. Кујзнае. Ви велам ете умот и еспаов ми ги мати.

Ако е вака, ако решила, ако е работава !ќе се гине“, ама ќе се истера до крај за народ и отаџбину, онда еве еден шаржер и од мене. И букет цвеќе ќе ѝ однесам. Не со достава. Лично ќе барам да ѝ го предадам.

Ама!

Ама, ако не е, ако и она си ја продава душата, а ваму мајтап не игра сите, ондак сцена од „Петок 13ти, ќе ѝ нарачам“, пошто глеам од моториве не се плаши, ко ја шо се плашам.

Во меѓувреме, дур да видиме што е работава ќе си продавам цевеќенца, пошто за тоа ме бива.

За ова другово појма немам, ама ете така си зборам.

Оти нели ја зборови си продавам, за да платам сметки и све друго.

За Женски Магазин, Тања Трајковска

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин

Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение: