Даниела (47) како да е во раните дваесетти: Со години се бореше со зависност од наркотици, а после ботокс е друга личност

Британската актерка Даниела Вестбрук и поранешна учесничка на реалното шоу „Големиот брат“, по долга борба со наркотици која и влијаеше на физичкото и психичкото здравје, објави фотографија на која изгледа сосема поинаку.

Данијела (47) објави фотографија од кафуле и се пофали со новиот изглед по неколку естетски зафати. Имено, актерката користела ботокс и хијалуронска киселина за да ги покрие сите проблеми кои и се случиле на лицето по интензивната употреба на дрога.

Актерката отворено зборувала за зависноста од кокаин во 2002 година и дека потрошила повеќе од 250.000 евра на опијати, кои за малку ќе и го уништиле животот.

Неколку пати заминувала и излегувала од центарот за рехабилитација, но минатиот јуни по долга терапија објави дека конечно е добро.

По неколку корекции, Даниела Вестбурк денес е друга личност.


Извор: zena.blic.rs