„Дара од Јасеновац“ ќе ја напушти трошната куќа: Доби понуда која не се одбива

Добивај вести на Viber

По шокантната животна приказна за ѕвездата на филмот „Дара од Јасеновац“ Билјана Чекиќ, која живее во недовршена куќа во село во близина на Козарска Дубица, со нејзиниот брат, сестра и татко, а која е напуштена од нејзината мајка, голем број на луѓе се приклучија во желбата да им помогнат и да им изградат нов дом за живеење.

Додека не се случи тоа, управата на хотелите „Стара планина“ и „СП РЕСОРТ“ им понудила на актерката и на нејзиното семејство бесплатно сместување.

-Лично ме шокираше животната приказна на малата Билјана Чекиќ, па менаџментот на ЈП „Стара планина“ и „СП РЕСОРТ“ реши да и понуди сместување на неа и на нејзиното семејство со цел барем накратко да ужива во сè она во кое нејзините врсници кои немаат финансиски потешкотии, уживаат во тоа. Тие можат да останат кај нас колку сакаат, односно додека не се изгради нивниот нов дом. Би сакал цела Србија да се обедини за да му помогнеме на ова прекрасно и скромно семејство, да го продолжат животот вреден за живеење - рекол за „Ало!“ Горан Караџиќ, директор на ЈП „Стара планина“.


Извор: ало.рс

Фото: Printscreen