Де народе помогнете: Сара Мејс постави прашање кое ја мачи

Сара Костадиновска и водителот Димитар Атанасовски се во очекување на своето прво дете, па пејачката реши да сподели проблем на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Да се биде родител не е лесно, а покрај големата литература која ни стои на располагање во денешно време, сепак понекогаш неопходно е да се водиме по индивидуални искуства.

Во тој контекст, пејачката јавно постави прашање кое е поврзано со перењето на бебешка облека, што само уште еднаш потврдува дека Сара ги прави финалните подготовки за да се реализира во улогата на мајка. 

„Добро, на бебешкиве алишта (на сите значи) пишува пери на 30 степени, а мајки викаат пери на 90, мора да извријат, дека бебе, ау... И кој да слушам сега јас? Нема да станат за барбика облечињава ако ги средам на 90?“, праша Костадиновска на својот профил и доби голем број одговори, па се надеваме дека оваа дилема и е решена.