Дечиња од домот за слепи лица им свират и им пеат моја музика на дечиња со Даунов синдром: Тајзи со емотивна објава која топи срца

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Драган Величковски - Тајзи на својот Инстаграм профил објави емотивна приказна која допре до срцата на многумина.

„Дечиња од домот за слепи лица им свират и им пеат моја музика на дечиња со Даунов синдром...Бесценето.

Музиката може да го промени светот. Едно слепо детенце ме гушна и се расплака, не можеше да си поверува дека ме запозна и ме праша зошто сум тажен. Знаеше буквално сè за мене и за мојата кариера од самиот старт. Голтав солзи, не сакав да им кажам дека ми се расплака душата кога го видов и доживеав ова. Еве сега седнав и се исплакав како мало дете...

Нема его и маркетинг во постов. Има само љубов дадена од небото која треба да ја делиме и во добро и во лошо.

Фала ти Боже за сите стихови што душа лечат и сплотуваат. Ние сме твои деца.

Дај им светлина на сите и помагај“  - напиша пејачот под низата фотографии од овој мил настан кој ќе ви ги стопи срцата.




*Преживеаната страшна сообраќајка го натера да го истетовира ликот на Тајзи: Неговата песна му го спасила животот