Преживеаната страшна сообраќајка го натера да го истетовира ликот на Тајзи: Неговата песна му го спасила животот

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Драган Величковски - Тајзи на својот Инстаграм профил објави емотивна приказна која допре до срцата на многумина.

Имено, момче си направило тетоважа токму со ликот на Тајзи, а пејачот ја сподели приказната која се крие позади оваа тетоважа и која ја покажува моќта на музиката:

-Тетоважа со ликот на Тајзи 
Има приказна позади ова...
Еден дечко пред неколку години ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и испиеме една пијачка. Ми објасни дека имале страшна сообраќајка после која колата завршила во отпад.
Полицијата се чудела како е можно да нема повредени. На радио во тој момент пеела мојата песна „Чувај ни га Боже“...Тој е убеден дека токму тоа ги спасило, осетиле некоја чудна енергија.
Му кажав: Понекогаш Бог дава втора шанса, сега имаш мисија и почни да го работиш тоа што срцето навистина ти го сака. Ме послушал почнал да тетовира и да работи па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа: Ова е најмалку што можев да направам за тебе кралу. Сам себе се истетовирал (со мојот лик) во знак на почит спрема моето дело. Солзите сами поцнаа да течат...
Мојата музика не е само песна туку многу повеќе од тоа.. Јас не сум ѕвезда и никогаш не сум бил!!! Јас сум само сонце кое грее души како што е оваа и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе. И не ми требаат статуетки и награди, ова е мојата награда...
Слава на Бога - сподели пејачот.


Песната „Чувај ни га Боже“: