Дејвид Бекам се расправал со Викторија поради неговото нарушување: Кога сите спијат, тој станува и чисти
Фудбалерот и порано има зборувано за проблемот со опсесивно-компулсивното нарушување...
Некогашниот фудбалер, Дејвид Бекам снима документарец за својот живот во кој ќе открие многу детали кои јавноста никогаш не ги дознала.
Проектот вреден 16 милиони фунти, помеѓу останатото ќе ја открие и неговата борба со опсесивно-компулсивното нарушување, кое навечер често го држи буден.
Дејвид и порано има зборувано за тоа дека мора предметите да ги држи во права линија ии во пар, а сега проговори и за несоницата.
„Кога сите ќе си легнат, ја проверувам и чистам куќата. Ги чистам свеќите, ги ресетирам прекинувачите, гледам дали е сѐ во ред. Мразам да се будам во неред. Сечам восок од свеќите, го чистам стаклото“ - откри тој, помеѓу останатото.
Тој објасни дека е свесен за тоа дека неговото однесување е чудно и призна дека се скарал со сопругата Викторија, бидејќи таа не ја ставила соларката на предвиденото место.
Документарецот за Бекам е најавен од минатото лето на Нетфликс, а во него ќе биде прикажан почетокот на неговата кариера, успехот кој го постигнал, видеа од приватната архива, но и интервјуа со членовите на неговото семејството и други важни личности од неговиот живот.
фото: Принтскрин / Инстаграм