ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА КАЈ ДЕЦАТА,ОСВЕН БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ГО НАПАЃА И ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИОТ СИСТЕМ: Д-р Зекири апелира да се вакцинираат особено тие со хронични болести
Според британските и американските експерти, најмладата популација, односно децата на возраст од 12 до 15 години се главсните носители на корона ворусот во текот на четвртиот бран во кој доминира Делта варијантата. За се поголем број деца на оваа возраст заразени, па и хоспитализирани поради ковид-19, алармираат и лекрите во регионов. Српските пулмолози велат дека во текот на оваа недела на болничко лекување се примени два пати повеќе деца во однос на изминатите недели, и тоа од новороденчка возраст до 16 години. За среќа, како што посочуваат, кај нив нема некои сериозни компликации, но поради воспаление на белите дробови, мора да останат во болница.
Во Македонија немаме алармантна бројка на хоспитализирани деца поради компликации од ковид-19, а нивниот број веќе подолг период е 20 во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле. Во разговор за Фактор, директорот на Институтот, д-р Бекир Зекири изјави дека постојат две групи на деца кои се заразени со вирусот и се лекуваат таму, и тоа од 0 до 2 години, и од 9 до 16 години.