Денес би била една од најубавите жени во регионот: Загина на истиот пат каде животот го загуби Тоше
Долорес Ламбаша го загуби животот пред 10 години, во тешка сообраќајна несреќа
Хрватската актерка Долорес Ламбаша вчера ќе го прославеше својот 42 роденден. За жал, нејзината прерана смрт ја оддалечи од сите што ја сакаа.
Долорес загина на 23 октомври 2013 година кај Славонски Брод, на истиот пат каде животот го загуби Тоше Проески. Таа имаше само 32 години, а веста за нејзината смрт го потресе регионот.
Таа тогаш со колегата Стојан Матавуље се враќала од Белград во Загреб и иако планирале да преноќат во Илог, во последен момент решиле да возат ноќе.
Утрото во 6 часот и 45 минути нивното возило управувано од Матавуљ се судрило со друг автомобил. Од силината на ударот двете возила излетале од патот, а младата актерка иако била врзана излетала низ прозорецот. Со сериозни повреди на стомакот и внатрешните органи Долорес била пренесена во болница каде веднаш била оперирана. Сепак, поради сериозноста на нејзините повреди, лекарите не биле оптимисти. Таа почина само неколку часа подоцна.
Поради оваа несреќа Матавуљ помина осум месеци во затвор. Од друга страна, мајката на Долорес Ламбаша е сигурна дека смртта на нејзината ќерка не е само она што се знае.
- Ја знаеме вистината за нејзината смрт, но се уште не е време да се зборува за тоа. Ниту една казна не е доволна за трагичната смрт на Долорес - призна еднаш мајката на актерката Долорес, која беше прогласена за една од најубавите жени во регионот, публиката ја запозна преку сериите „Роза на ветровите“, „Одмори го заслужи“ , „Засекогаш соседи“ и „Најдобрите години“.
Нејзиниот љубовен живот ја заинтригира и јавноста. Долорес беше позната по врските со постари мажи, а меѓу нив беа познатиот актер Иво Грегуревиќ и Франо Ласиќ, кој по трагедијата никогаш не сакаше да зборува за својата поранешна девојка.
ФОТО: Printscreen/YouTube