Денес, низа на три единици: Зошто 11 јануари е магичен ден со моќна енергија

Денеска очекувајте само позитивни вибрации и добри настани, бидејќи 11 јануари е секогаш исполнет со хармонични планетарни порамнувања и фина енергија, барем ако верувате во нумерологија и астрологија.

Во нумерологијата, бројот 1 претставува независност и верба во себе и ја носи енергијата на нови почетоци, а на 11 јануари имаме тројна доза од оваа енергија (11.01) што го прави совршен ден за да започнете нови проекти или да си поставите нови цели и одлуки.

Овој 11 јануари има висока фреквенција која ќе влијае и на најмалите чекори што ги правиме денес, ќе ги зајакне и ќе ги натера да „работат“. Накратко, енергијата на овој датум не потсетува на уникатната моќ што лежи во нас самите.

Кога комбинирате броеви, двојните броеви ја засилуваат енергијата на тој број, па не е ни чудо што 11 јануари има изразена манифестација на енергијата на бројот 1. Тоа ќе не поттикне да продолжиме напред со позитивен став и да донесуваме одлуки за она што го сакаме, пишува „Bustle“.

Нумеролошки, ова е идеално време да ги разјасните вашите лични намери и да направите конкретни планови според вашите цели. Исто така, советот е да верувате во себе и да го следите своето срце и интуиција.

Бидејќи овој ден е многу блиску до почетокот на новата година, најдобро е да ја искористиме неговата енергија за да ги поттикнеме нашите новогодишни цели и да ги елиминираме старите работи што ни пречат.


Фото: Женски магазин