Денеска ќе наполнеше 68 години, на годишнината од бракот: Семејството сподели трогателни спомени со Маринко Роквиќ (ФОТО)
Иако не е со нив веќе неколку месеци, секој ден им е во умот и срцето, а на овој посебен датум му оддадоа посебна почит.
Легендарниот пејач на народна музика Маринко Роквиќ денеска ќе наполнеше 68 години, а во семејниот дом особено се чувствува празнината и тагата на некои подобри времиња, кога сите биле заедно.
Пред само неколку месеци сите се надеваа дека пејачот ќе може да се избори со тешката болест, ракот на панкреасот, но за жал тој ја загуби битката на животот.
Прв Божиќ, Нова Година и празниците поминати без Маринко, а на неговиот роденден на социјалните мрежи со трогателни зборови проговорија неговата сопруга Славица, синот Никола, снаите Бојана и Сара, а потоа споделија заеднички фотографии.
- Дедо не' прегрнуваше така силно за да чувствуваме како да сме му уште во прегратка. Денес би му бил роденден. Можеби оваа година не ја правам тортата со лимон што тој ја сакаше, но откако не е тука, секој ден правиме чекор по чекор тага, среќа и благодарност - напиша снаа му, Сара Остер Роквиќ.
Вдовицата на Маринко пак, Славица сподели заедничка фотографија со него, и напиша „недостасување“.
Наследникот, Никола моментално е во изолација, со оглед на тоа дека е заразен со корона вирусот, а на својот татко му се обрати преку својот Инстаграм профил.
- Мој херој, денес би наполнил 68 години и би прославил 37 години брак со твојата Славица! Ми недостига твојот глас, да те слушнам, да ми кажеш „Сине школа татина“ или „мајкин мој, каде си ти“. Недостасуваш – напиша пејачот.
извор:GLOSSY