Деп во Кан фура имиџ на лошо момче, но го засени еден Европеец: Овој врвен фраер има 57 години и став од кој застанува здив

Добивај вести на Viber

Од синоќа па се до 27 мај, ќе уживаме во гламурозните вечери на 76. издание на фестивалот во Кан. Престижната манифестација беше отворена вечерва со премиерата на францускиот филм „Jeanne du Barry“ во кој главната улога ја толкува Џони Деп, па славниот актер вечерва се прошета по Кроазет (населба и општина во североисточна Франција во регионот Север-Па-де-Кале, во департманот Па-де-Кале што припаѓа на префектурата Арас).


Деп на фестивалот во Кан пристигна во својот препознатлив, малку бунтовен стил. Прославениот 59-годишник се појави во модерен, црн костум со совршено скроено сако, но панталони кои се издвојуваа поради малку полежерните ногавици.


Комбинацијата ја комплетираше со бела кошула со црни копчиња, но и со интересни детали во вид на елегантно бело марамче во џебот од сакото, и светкави, тренди обетки, прстени и очила за сонце со темно сини леќи и мала рамка.

Деп си ја врзал косата во ниско опавче, а интересно е тоа што ги исцртал очите со црн молив и на тој начин инсистирал на донекаде рокерски имиџ кон кој вообичаено е наклонет. Иако актерот беше можеби најголемото актерско име на вечерта, неговиот дански колега Мадс Микелсен го „украде“ вниманието на публиката.



Медс со години е присутен во светскиот шоубизнис, но дури во последната деценија се здоби со статус на надалеку познат холивудски актер. Интересно е што светската слава му ја донесе улогата што ја „наследи“ од Деп, онаа на негативецот Гелерт Гринделвалд во филмскиот хит „Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore“. Да потсетиме, Џони се повлече од оваа франшиза поради правен спор со Амбер Херд кој му донесе многу негативен публицитет.


Мадс на црвениот тепих пристигна во придружба на сопругата Хана Јакобсен, а во црно изгледаше одлично од глава до пети. Овој 57-годишник е познат и како многу привлечен маж со специфична харизма и неконвенционална убавина. Данецот, имено, има многу фина, машка енергија и посебен изглед кој со годините станува уште поистакнат.


Што велите, кој е подобар шмекер - Џони или Медс?


ФОТО: Инстаграм