Десетти октомври е посебен ден кој ги исполнува желбите и ја чисти душата: Што треба да направите за да ја почувствувате промената?

Добивај вести на Viber

Зошто 10 октомври е толку посебен? Нумеролозите истакнуваат дека низата исти броеви, или како што ги нарекуваат „броеви огледала“, имаат посебна моќ, а таква ситуација имаме на 10 октомври кога ќе завладее магијата 10 - 10, пишува sensa.modno.rs.

Бројот 10 е поврзан со достигнувањето на повисоко ниво на свест и претставува сигнал дека е време да преминете на следното поглавје во животот. Кога ќе забележите 10 - 10, тоа значи дека се движите по животниот пат што ја отелотворува целта на вашата душа. Можно е одеднаш да го смените начинот на кој размислувате за одредени работи и тоа да ви донесе значаен успех. Вашата перспектива станува посветла и тоа е она што ве мотивира за да станете сè подобри и подобри.

Поради 10 октомври секој ја има таа моќна енергија која му помага да ги достигне ѕвездите, односно да го исполни она што навистина го сака. Имаме сила да се ослободиме од минатото и на овој магичен ден да простиме, што дополнително ќе ни ја ослободи душата.

Простувањето на себе е добро за почеток, но простувањето на другите исто така може да биде исто толку моќно. Простувањето не се однесува на одобрување на чинот или негова поддршка, туку ослободува каква било лутина или негативни емоции што ве поврзуваат за настан или личност. Идеален е моментот за чудесната проштална вежба, која ќе донесе нова и поубава енергија во вашето срце.

Започнете со пишување на проштално писмо за себе, а потоа вклучете други или ситуации што можеби би сакале да ги простите. Не треба да го испраќате тоа писмо, туку е важно за вас, за да можете да ги префрлите сите негативни и вознемирувачки мисли на хартија и на тој начин да се ослободите од товарот.

Откако ќе го направите тоа ќе почувствувате барем мало олеснување. Потоа, започнете да визуелизирате и манифестирате што сакате. Размислете за ново поглавје и како можете да ги постигнете работите што сакате да ги постигнете на поинаков начин.

фото: SHUTTERSTOCK