ДЕТЕТО ПРЕД СЀ – Офталмолошка посета, изненадувања и подароци за дечињата од градинката Литл Ми
Креативно, содржински богата и прилагодена тема
кон возрастите на децата, испреплетени содржини, игри и активности, кои имаат задача да го задржат
детското внимание и интерес, создаваат одличен амбиент на работа, творење,
истражување и стекнување нови знаења.
Темата за месецот, која е насловена „ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО“,нуди бескрајни можности да се запознаат и откријат многу нови
знаења. Умешноста на воспитувачите и негувателите придонесува низ
содржините да се опфатени сите аспекти од развојот на детската личност.
Опфатот подразбира користење на игри и активности за поттикнување и развој на моториката(крупна и ситна), поттикнување, збогатување и оформување на што подобар, побогат и поквалитетен говор, когнитивен развој, социоемоционален развој и слично. Се применува правилен пристап при учењето кој кај децата буди желба да се истрајни, упорни, љубопитни, толерантни да го вреднуваат и да се радуваат на она што ќе го постигнат.
Градинката Литл Ми и нејзиниот тим и во овој втор месец од годината не го занемарија значењето кое го има запознавањето на професиите преку запознавање на нова професија непосредно поврзана со содржината на темата која се работи. Задоволството и успехот беше дотолку поголем што овој пат самите родители беа доволно мотивирани за да предложат и нѐпоканат на запознавање на нивната прифесија – офталмолог.Оваа професија е непосредно поврзана со еден дел од човековото тело- окото, за кој , како и за сите други, децата треба да научат и дознаат многу нови работи.
Ја посетивме офталмолошката ординација „ИЦО ОПТИКА“, во која родителите на две наши
другарчиња беа одлични домаќини.Децата
на почетокот имаа можност да проговорат и прашаат сѐ што ги интересира во врска со
окото како орган на нашето тело, а домаќините им покажаа и им ја
измерија нивната очна диоптрија и им покажаа како се прават очилата. Успешно и
вешто го задржаа вниманието кај сите присутни дечиња и воопшто постоеше амбиент
на корисна, едукативна, поттикнувачка за многу прашања и позитивна
социоемоционална дружба.
Секогаш крајот го краси делото и така беше и при
крајот од посетата. Благодарение на домаќините, кои видно се радуваа на нашето
присуство, секое дете имаше можност самостојно да проба и да си одбере очила за
сонце како подарок од нивна страна. Тие помислија и на нас
вработените за кои исто
така имаа подготвено убави подароци.
Целта ја постигнавме: се едуциравме, се
запознавме со нова професија иси понесовме многу позитивни впечатоци. Воедно, потврдивме дека соработката со
родителите и семејствата преставува многу важен сегмент и поддршка во успешната работа на градинката со најмалите
и најмилите. Преку тоа, градиме доверба, непосреден и корисна соработка и даваме пример
за добро организирање на времето во и надвор од градинката. Ова е позитивна пракса која приватната градинка Литл Ми веќе долги години
наназад ја поттикнува, практикува и зајакнува.
Целата атмосфера од посетата може да ја
погледнете на следниотлинк https://www.instagram.com/p/C3DKRBaO6V3/
Детето пред сѐ. #МалиИголемиВоLittleMe