Детски филмски ден со „Тинтири минтири“ утре во Кинотека
Утре, во Кинотеката на Македонија од ќе се одржи премиера на неколку детски и тинејџерски детски филмови кои ги снимија членовите на филмското студио „Тинтири минтири“.
„ Последниве неколку месеци во „Тинтири Минтири“ интензивно се работеше на богата филмска програма: развивавме идеи, па следеа синопсиси, вредно пишувавме сценарија, додававме и одземавме реплики, се подготвувавме и планиравме снимање. Најпосле филмовите ги снимивме. Следеше монтажа во студио. Сега дојде најочекуваниот и највозбудливиот момент од процесот наречен „снимање филм“ – ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА!!! На 8 јуни имате единствена можност да погледнете еден куп свежи филмски идеи и повеќемесечниот заеднички труд на нашите членови и тимот на Тинтири Минтири“, велат од филмското студио.
Првата проекција утре е во 14:30 часот. Премиера во овој термин ќе имаат филмовите:
„Стапица“, „Тајна забава“, „Најдобрата другарка“
Втората проекција е во 16 часот со филмовите „Изложба“, „Необично далечинско“, “Јутуб канал“, „Лажга“.
Третата проекција е 17:30 часот Премиера во вој термин ќе имаат филмовите:
„Изгубени во природа“, „X“, „Прво-2“. Билетот чини 150 денари, а влезот за деца е бесплатен.
Резервации на билети се прават на телефон 070 308 748 и во инбокс на „Тинтири минтири“.