ДЕВОЈКАТА ПОРАДИ КОЈА СЕ РАЗДЕЛИЈА ПИКЕ И ШАКИРА ИМА МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО - таа засега ништо не коментира

Добивај вести на Viber

Една од најжешките теми во последните недели е несомнено изненадувачката разделба на Шакира и Жерар Пике. 

Парот, чија љубов изгледаше толку реална и непоколеблива, реши да ја заврши својата приказна по 12 години и 2 деца. 



Ѝ иако ја потврдија информацијата дека се разведуваат, и двајцата молчат на темата која е причината што доведе до прекин на нивната врска. Шакира и Пике никогаш не се венчале, но допрва треба да го поделат имотот. 

И тука доаѓа најинтересниот момент - ако дошло до предавство од Жерар , тогаш која е мистериозната убавица која успеала да ѝ го украде на пејачот, макар на кратко? Според првичните информации, фудбалерот изневерил со млада, русокоса убавица која работи како келнерка. 

Но, како што пишуваат бугарските медиуми, меѓу кои и Woman.bg, тие дознале дека всушност вистината е малку поинаква и дека дамата која го растури семејството на Шакира, е црнокоса убавица од Пловдив. 

Нејзиното име е Драгана Спасовска, која често сака да оди до Дубаи и токму таму го запознала Пике, кој ја посетил метрополата без својата сакана. 

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)



Нивната последна средба била во ресторан пред Нова година. Нивните топли чувства ги издава и една фотографија од Драгана и Пике која се појави на социјалните мрежи. Информацијата не е официјално потврдена, но во шпанските медиуми силно се коментира дека фудбалерот и неговата склоност да се сопнува на различни жени, порано или подоцна би го уништиле неговото семејство со Шакира.

Медиумите во земава пак пишуваат дека Драгана е од татко Македонец и мајка Бугарка. 

Подетално читајте на Фактор тука.