Девојки, имате право да знаете, јас не знаев: Секоја жена мора да слушне исповедта на Исидора за аборутсот

Познатата писателка Исидора Бјелица пред 5 години, во едно телевизиско гостување, зборуваше за болното искуство, кога како млада девојка абортирала. Тогаш имала само 21 година.

Исидора Бјелица, која за жал почина по долгата и тешката борба со болеста, во таа емисија вели дека почувствувала голема тага и дека потоа се насочинала кон Христос и се крстела на 22 година.

„Уште еден многу драматичен настан во твојот живот го предизвика вашиот официјален влез во цркавата преку крштевањето. Голема љубов, беше бремена, а се соочи и со притисок од околината дека мора да се изврши абортус“ - кажа водителот на емисијата Александар Гајшек.

„Да. Можеби трет или четврти пат пишувам отворено за тоа. Пишував и за спасот... Мислам дека тоа е првиот момент кога скршнам од патот кој ми го посочуваше моето срце, кога им поверував на другите дека постои нешто рационално. Не сакам да ги обвинувам другите, но навистина бев млада, имав само 21 година. Тоа е долгогодишна врска со денес познат режисер и уметник, која треба да води до брак. Значи ништо не беше туку така, туку тоа е љубов која траеше со години“ - раскажуваше Исидура и продолжи:

„И кога се случи таа бременост, прости, сите тие ми објаснуваа дека тоа е неразумно, дека е важно да се заврши факултет, дека за нас двајца има време и дека има време за бебе. Јас морам отворено да кажам, дека имав неколку трибини за тоа, јас не сум против тоа да се укине правото на абортус, но мислам дека секоја млада девојка има право да знае што тоа значи за нејзината душа, а тоа е она што јас никогаш не го добив. Ниту во еден вид. Ниту во поддршката на лекарите, ниту во поддршката на семејството, ниту во поддршката од момчето, едноставно од никој. Јас не знаев што ме очекува“ - наведе познатата писателка.

„Тоа каење, тој плач, таа тага... Тогаш за првпат во мене се всели страшна тага, болка, а јас тоа не можам со ништо да го објаснам. Ништо друго не можеше да ме утеши, освен да се посветам на Христос и да се крстам и така се крстив на 22 години. Но, просто се надевам дека низ тој дел просто ќе ги предупредам луѓето кои толку лесно го одземаат животот на сопствените деца, а всушност од незнаење и присилба од јавноста дека е рано, дека се немаат пари, знаеш дека има толку глупави објаснувања дека лесно го убиваме своето дете, па така колку што мислам дека породувањето е најважната душевна иницијација за жената, така мислам дека абортусот е најстрашното нешто што може машкото и женското битие да го направи на детето“ - заклучи таа.

Што друго кажа Исидора на оваа тема погледнете во видеото во продолжение од 30:30 минути.


Може да ве интересира:

In Memoriam, интервју со Исидора Бјелица за Женски Магазин: Мое е да станам, останатото е на Господ