Почина писателката Исидора Бјелица: Со години се бореше со лошата болест

Добивај вести на Viber

Почина познатата српска писателка Исидора Бјелица Пајкиќ, на 52-годишна возраст

Српскиот магазин Alo.rs дознава дека писателката починала во болницата „Света Сава“, а веста за смртта ја потврдила нејзината сестра. 

Инаку таа со години се бореше со опаката болест - рак, за што пишуваше и во своите книги. Автор е на повеќе од 40 книги.

Исидора Бјелица е родена во Сараево на 10 декември 1967 година, каде завршила средно училиште. Потоа, таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград (Катедра за драматургија) и магистрирала на истиот факултет.
Жвееше и работеше во Белград. Беше во брак со Небојша Пајкиќ, со која има две деца, Лео Григорије Пајкиќ и Вила Евангелина Пајкиќ.