Диета која ќе ни помогне да не се здебелиме за празниците

Добивај вести на Viber

Секој сака да има убаво, а пред се здраво тело. Но, секој исто така знае дека за време на студените месеци, ние (скоро) секогаш ја зголемуваме нашата телесна тежина, некои се здебелуваат незначително, односно многу малку, додека други можат да додадат и над 5 килограми во текот на зимските месеци.
Да не спомнуваме како вагата се менува по Божиќ и Нова година.
Нутриционист ни откри режим на исхрана кој ќе ни помогне да не се здебелиме во есенскиот и зимскиот период.

За да се надмине копнежот кон шеќерна и масна храна, подобро е да се јаде повеќе ’витална’ храна во зима. Заборавете на баналниот зеленчук и овошје во вашата исхрана. На списокот на овластена храна спаѓаат банани, темно чоколадо, ореви и суво овошје.

„Можете да се почастите со сушено овошје: суви кајсии, сливи и смокви. Тие ја одржуваат киселинско-базната рамнотежа “, објасни нутриционистот.
Тој, исто така препорача да се откажат од слаткиот јогурт и урдата во корист на домашните десерти. На пример - можете да комбинирате таан со овошје и да го мешате во блендер.
Инаку, јадете што сакате, но во умерени количини.

Еве како можете лесно да ја задржите својата фигура во зима и подготвени за следното лето.

Не заборавајте, и на есен и во зима, исто така треба да се пие вода, доколку не можете да пиете многу вода, заменете ја течноста со чај, свежо подготвен, но да се консумира со мед или стевија, да не се засладува со шеќер.