Диета на Софија Лорен: За 3 дена, 3 килограми помалку без гладување
Софија Лорен се сметаше за една од најголемите заводници, а оваа диета и помагала да биде секогаш во врвна форма, а таа и ден денес се придржува кон овие правила.
Италијанската актерка тврди дека неопходна е физичка активност, но и дека овој тридневен детокс помага да го задржите телото фит.
Правила за диета:
Треба строго да се придржувате до препорачаниот распоред на оброци и составот на производите во рок од три дена. Оваа диета ќе ви помогне да изгубите помеѓу 1 и 3 килограми.
Главната предност на оваа диета е што трае само три дена, но во исто време нуди и доволно разновидно мени. Во текот на овие денови нема да почувствувате голема потреба од храна и килограмите брзо ќе исчезнат.
ден 1
појадок: 1 варено јајце и 170 мл свежо исцеден сок од портокал
ручек: Салата од зеленчук (домат, краставица, пиперка и друго), 60 грама варено пилешко, парче сирење со малку маснотии
вечера: 200 грама тестенини, 100 грама варени ракчиња, салата од спанаќ со маслиново масло, јаболко
ден 2
појадок: 100 грама житарици, чаша обезмастено млеко
ручек: 100 грама сирење со малку маснотии, овошна салата
вечера: 200 грама тестенини, 115 грама мисирка на пареа, салата, круша
ден 3
појадок: 1 парче леб од пченично брашно и сирење со малку маснотии
ручек: 115 грама варено пилешко, зелена салата
вечера: 170 грама сирење со малку маснотии, лазања и зелена салата со маслиново масло, 2 праски
Остатокот од времето, Софија Лорен го применува следниов принцип на исхрана:
-Често јаде ананас затоа што овој производ ефикасно согорува маснотии;
-Никогаш не користи масни сосови и мајонез, туку само нискокалорични (како што се сок од лимон, балсамичен оцет и други);
-Алкохол речиси и никогаш не пие.