Дијана ги има најдолгите нокти на светот: Не ги исекла 25 години, причината ќе ви го скрши срцето

Добивај вести на Viber

Оваа година Дијана Армстронг беше вклучена во Гинисовата книга на рекорди за најдолги нокти на светот. Своите нокти од 1306,58 см ги чува од 1997 година.

Дијана Армстронг престанала да ги сече ноктите откако нејзината 16-годишна ќерка Латиша трагично починала од напад на астма. 

Жената која последен пат ги исече ноктите во 1997 година раскажа за предизвиците со кои се соочува секој ден, сето тоа затоа што избрала да живее со толку долги нокти.

Нејзините нокти сега се долги неверојатни 1306,58 см и потврдено е дека ги има најдолгите нокти на светот.

- Можам да ги закопчам панталоните или сакото. Можам да отворам конзерва, но ми треба нож. Возев долго време, но потоа морав да ја држам едната рака надвор, па престанав– раскажува таа.

- Во јавните тоалети морам да ја користам најголемата преграда, онаа за инвалиди, бидејќи ноктите ми се подолги од вкупната должина на нормална кабина - рече таа. На прашањето како ги одржува таквите нокти, таа рече дека имала козметичарка околу 22 години, но бидејќи никој не сака да се занимава со такви нокти, нејзината друга ќерка и внуците се грижат за нив.
- За секој нокт се потребни околу 10 часа полирање, за што користиме специјална турпија која вообичаено се користи за дрво - вели таа.

- Што се однесува до лакирањето, тоа го правам на секои четири или пет години и користиме помеѓу 15 и 20 шишиња лак. Само што ги лакирав минатата недела и сето тоа траеше четири дена - објасни таа.

- Можам да земам пари од подот. Но, ако мојот кусур (монети) падне на подот, ќе остане таму – рече таа. 
Приказната зад нејзините нокти ја навраќа на болен период од животот. Таа била во самопослуга кога и се јавила најмладата ќерка да и каже дека нејзината постара ќерка Латиша нема да се разбуди.
Гледајќи наназад, Дијана рече: „Тоа беше најлошиот ден во мојот живот. Таа ми ги лакираше ноктите претходниот ден, па после тоа едноставно немав срце да си ги исечам ноктите.
- И никому не кажав зошто. И моите деца никогаш не знаеја зошто, бидејќи со години го чував тоа во мене– додава таа.
- Ноктите се дел од мене, па не можам да замислам да ги отсечам - објасни. 

Латиша, пред да почине, секој викенд ги лакирала тогаш просечните нокти на нејзината мајка, пишува Дејли Стар.

Во видеото е прикажан и момент кога првпат после толку години ги крати ноктите.


извор:najzena