Дињата како лек: Го чува срцето, го регулира притисокот, го намалува ризикот од астма

Добивај вести на Viber

Дињата е еднo од омилените летни закуски, а покрај тоа што е вкусна, носи и големи придобивки за организмот. Станува збор за годишно растение кое припаѓа на семејството краставици, затоа припаѓа на зеленчукот, иако многумина ја сметаат за овошје.

Заедно со лубениците, дињите содржат најмногу вода, дури 90 проценти. Полни се со витамини Ц, Б и А, како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, бакар и манган. Содржат тиамин, ниацин, витамин Б6, фолат, пантотенска киселина.

Покрај тоа, содржат соединенија со силен антиоксиданс капацитет, вклучувајќи бета-каротин (про-витамин А), фитоен, кверцетин и кофеинска киселина.

Го штити здравјето на очите

Дињата содржи хранливи материи важни за здравјето на очите - бета-каротин (од кој се ослободува витамин А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Зеаксантин е важен каротеноид кој се апсорбира во мрежницата на окото каде делува како антиоксиданс и како УВ заштита.

Неколку студии покажаа дека каротеноидите го забавуваат деструктивниот процес во мрежницата и мрежниот пигмент што доведува до макуларна дегенерација (болест на централниот дел на мрежницата која обично се јавува кај постари лица).

Со оглед на тоа што бројните студии индицираат дека сериозен недостаток на витамини А и Ц може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, па дури и слепило, дињата е одличен избор за спречување или забавување на развојот на овие нарушувања.

Го намалува ризикот од астма

Ризиците од развој на астма се помали кај луѓе кои консумираат поголеми количини на одредени хранливи материи. Еден од нив е бета-каротин, кој се наоѓа во жолто и портокалово овошје како дињи, тикви, моркови и зелен лиснат зеленчук како спанаќ и кељ.

Витаминот Ц е исто така важна хранлива материја која штити од астма, помага против губење на кислород и го намалува ризикот од алергиски реакции.

Го штити срцето и го регулира притисокот

Дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и холин кои го одржуваат срцето здраво. Конзумирањето храна со калиум помага во регулирање на нивото на натриум, што е важно во намалувањето на високиот крвен притисок.

Калиумот му помага на организмот да ослободи вишок натриум и со тоа го намалува високиот крвен притисок. Калиумот е исто така потребен за регулирање на рамнотежата на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, а исто така игра важна улога во пренесувањето на електричните импулси на срцето. Овој минерал ја зачувува густината на коските и го спречува формирањето на камења во бубрезите.

Некои нови истражувања тврдат дека бета-каротин од дињи помага во борбата против ракот на белите дробови, но и ракот на грлото на матката, желудникот и оралните форми.

Растителните влакна имаат корисен ефект врз чистењето на телото од токсините и го намалуваат надуеноста. Во исто време, водата и калиумот од дињи ја стимулираат работата на бубрезите и помагаат во елиминирање на штетните материи.

Во народната медицина, ова овошје е исто така лек за ментално смирување. Особено се препорачува по тешко потење, затоа што го компензира организмот за изгубената течност и потребните минерали.

Диња се користи и за лекување на воспаление на жолчката и уринарниот тракт, како и за убоди, изгореници и терапија со болка. Исто така, се користат и облоги од исцеден сок од диња, или рендано парче или кора се става на болното место.