Директно од Киев со Дениз Ганза: Моите луѓе умираат, моите населби се уништени

Нема безбедно место во Украина. Украинците веќе не ги ни бројат деновите од почетокот на воената инвазија на руските сили. Директно од Киев разговараме со Денис Ганза, основач на „Платформата за јавна дипломатија“. Ганза за Фактор.мк сведочи дека ситуацијата е многу опасна, постојано има бомбардирања, вклучувајќи и цивилни мети. Смета дека заканата не е само врз Украина, туку и врз цела Европа и слободниот свет.

Каква е ситуацијата во Украина, дали е во опасност цивилното население, како се одвива едно секојдневие на улиците?

Ганза: Моменталната ситуација Украина е опасна, се води вистинска војна. Веќе не ги броиме ни деновите. Целото цивилно население е во опасност, не постои безбедно место во Украина. Но, се справуваме некако. Повеќето цивили постојано работат за да ја добиеме војната, со помош на армијата, со активности на дигиталниот и информацискиот фронт. Се е посветено на борбата и преживувањето.

Украинскиот народ покажа храброст во пружање отпор на инвазијата. Западните сојузници ветуваат помош во воена опрема и финансии. Што и е сега неопходно на Украина да одолее на окупацијата?

Ганза: За да оддолееме на окупацијата ни е потребна постојана поддршка од вас. Ве молиме блокирајте ја Русија, не соработувајте со руски бизниси. Ова не е само наша војна, ова е војна против демократијата, против слободниот свет. За да ја сопрете Русија треба да сте посветени 24/7. Тие сакаат да го возобноват Советскиот сојуз, па тогаш да им го „овозможиме“. Престанете да им испраќате западни брендови на храна, облека, не следете ја нивната култура. Вина има и кај Русите кои го поддржуваат Путин, па затоа испратете им ги сите видеа кои треба да ги видат и поттикнете ги да излезат на протест за стопирање на војната.

Целото интервју на ФАКТОР ТУКА.