Discount поп ап продавница во Галерија Акантус / Acanthus Gallery од 1 до 7 март.

Добивај вести на Viber

Големата discount поп ап продавница,која како и досега,ќе биде изложена во Галерија Акантус / Acanthus Gallery (во Дебар Маало) од 1 до 7 март.

Discount поп ап продавница во Галерија Акантус / Acanthus Gallery од 1 до 7 март. 

Големата discount поп ап продавница,која како и досега,ќе биде изложена во Галерија Акантус / Acanthus Gallery (во Дебар Маало) од 1 до 7 март.

На поп-ап продавницата која ќе се отвори во 11.00 часот во Галеријата Акантус, од овој четврток,01.03.2018, заклучно со 07.03.2018,покрај парчињата на Rumor Shop, ќе бидат изложени и парчиња од колекцијата на познатиот македонски дизајнер, RISTO, по неодоливи цени.

Rumor е основан од Алек Бимбилоски и Лејла Гогова од Охрид, кои покрај талентот за дизајн и богатото искуство во изработка на парчиња облека, ги спојува и идејата дека – македонската жена заслужува подеднакво добра облека како и онаа во Париз и Њујорк. 

На поп-ап продавницата која ќе се одржи во Галерија Акантус овој четврток (01.03.2018), покрај парчињата на Rumor, ќе бидат изложени и парчиња од колекцијата на познатиот македонски дизајнер, и брат на Алек, Ристо Бимбилоски (RISTO). Доколку сè уште не сте запознаени со успесите на RISTO, доволно е да знаете дека тој го дизајнираше фустанот кој во 2017 го носеше најмоќната жена во модниот свет, Anna Wintour.

Парчињата на Rumor, и оние дизајнираните од RISTO, ќе бидат достапни за време на поп-ап продавницата по екстра намалени цени.