,

ДИСКО ТРЕСКА ЗА ВАСИЛИЦА

Добивај вести на Viber

„Диско треска“ е насловот на годинашното издание на традиционалниот концерт по повод празникот Василица кој на 12 и на 13 јануари ќе се одржи во Македонската опера и балет. Организаторите на гала концертот оваа година за публиката најавуваат вистинско и незаборавно уживање со избор од најдобрите диско хитови  од 70-те години во целосно нови симфониски аранжмани.

Хитовите Stayin’ Alive, Night fever, Hot stuff, Upside down, Ain’t nobody, Dancing queen, That’s the way like it, Don’t stop ’til you get enough“ и многу други рефрени од Глорија Гејнор, Дона Самер, АББА, Би Џис, Мајкл Џексон, Бони Ем и останати диско изведувачи ќе бидат изведени во живо со оркестарот и балетот на МОБ, а и двата концерта под диригентската палка на Бисера Чадловска почнуваат во 20 часот.

Дејан Прошев е режисер на шоуто на кое ќе настапат Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова и Лина Авшар. Како специјален гостин е најавен Кире Ѓоревски.