Дизајнерите ја обожаваат: Стилот на Маја Шупут

Добивај вести на Viber

Нејзината заразна енергија, забавниот и весел карактер ѝ донесе улога на MOSCHINO (TV)  и на H&M девојка. Хрватската пејачка Маја Шупут од секогаш важела за девојка која го „тера“ својот сопствен стил и никогаш не влегувала во модни калапи.

Секогаш своја, забавна и неоптеретена со тоа што ќе речат луѓето, Маја е вистински избор за оваа колекција затоа што шарентите бои, изразените принтови и енергијата се нејзин заштитен знак, пишува хрватскиот портал „Журнал“.


„Не паметам кога последен пат сум видела некоја колекција на која секое парче како да го носи моето име. MOSCHINO и H&M дословно ме опишуваат, мојата состојба на духот, мојот моден израз и моментот како јас себе си се доживувам и онака како што другите ме доживуваат, шарено. Ме прашаа, имам ли омиелно парче во колекцијата, реков дека имам- секое “, изјави Маја. 
Фото: journal.hr